Даниел Аврамовски официјално е промовиран во дресот на турскиот второлигаш Игдир. Фудбалерот од средниот ред во јануарскиот преоден рок се раздели со Болуспор, но остана во Турција, сега во дресот на Игдир, кој се бори за опстанок во Втората лига. Досега во кариерата Аврамовски настапуваше и за Македонија ЃП, Работнички и Вардар во македонското првенство, како и за Сарајево, Кајсерспор, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград. ...

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски кариерата ја продолжува во Игдир, потврди турскиот клуб преку своите официјални канали. Во редовите на Игдир Аврамовски пристигнува од Болуспор каде што за една година во 37 натпревари постигна 17 гола и подели осум асистенции. Аврамовски во кариерата има настапи и за македонската репрезентација, а настапуваше уште во: Сараево, Кајсерспор, Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Работнички ...