Со Бајрам, кој трае три дена, муслиманите ширум светот го одбележуваат крајот на Рамазан, месецот на постот. Муслиманите ширум светот го слават Фитр Бајрам, еден од двата муслимански празници. Бајрам, кој традиционално трае три дена, а воедно е и државен празник во земјите со мнозинско муслиманско население, го означува крајот на месецот Рамазан, во кој муслиманите постеле, односно се воздржувале од јадење и пиење од утро до мрак и го користеле ...

Со молитвата за Бајрам започна прославата на празникот. Џамиите во земјата беа исполнети со верници. Иако времето беше врнежливо, многу од нив се молеа надвор. ТВ21 беше во џамијата Ринија во Тетово каде имамот Ибрахим Алија во својата порака за време на проповедта и пред камера повика овој празник да биде празник на помирувањето и да се остави омразата. Тој апелираше до верниците и по Рамазан да продолжат да се однесуваат како да постат. -Тие ...