Екипата на Торино го имаше Ељиф Елмас како позајмен од РБ Лајпциг, а иако македонскиот репрезентативец имаше одлични партии и стана миленик на навивачите, нема да остане меѓу „биковите“. Рокот за откуп на позајмените играчи заврши. РБ Лајпциг во иднина ќе го има Елмас, кој се врати во екипата. Торино исто така се откажа и од Борна Соса и Амин Салама, кои се вратија во матичните клубови. Причината зошто Торино се откажа од Елмас е високата цена ...
Се верува дека Лајпциг нема да смета на Елмас за новата сезона, а ниту македонскиот фудбалер сака да продолжи во Бундеслигата. Цената која ја одреди Лајпциг за продажба на Елмас изнесува 17 милиони евра, тоа е превисоко за Торино кој се одлучија да не го откупат нашиот фудбалер и покрај тоа што тој ги освои срцата на фановите. Сепак медиумите поврзани со клубот од Торино сметаат дека уште постои шанса Елмас да им се врати во клубот, а ако таа се ...