Натпреварите во вечерниот програм во Лигата на шампиони беа навистина ефикасни, бидејќи по 90 минути игра, видовме дури 14 погодоци. Реал Мадрид само ја доработи задачата на „Сантијаго Бернабеу“ и потврди дека во овој момент е за две или три класи подобар тим од Манчестер Сити, а главен фактор на натпреварот беше Килијан Мбапе. Французинот со хет-трик го нокаутираше се уште актуелниот англиски шампион и го испрати назад за Манчестер, по што ...

Реал Мадрид покажа зошто е актуелен европски владетел откако го елиминираше англискиот првак Манчестер сити во плејофот во Лига на шампиони. Кралскиот клуб вечерва на свој терен славеше со 3:1, а на тоа ако се додаде и триумфот од 3:2 во првиот натпревар во Манчестер, шпанскиот гигант со вкупно 6:3 се пласираше во осминафиналето на елитното натпреварување на УЕФА. Килијан Мбапе е херојот на Реал, постигнувајќи хет-трик. Нецели четири минути беа ...