Екипата на Шкупи на домашен терен славеше над Пелистер, а овој меч ќе остане запаметен како прв за 16-годишник кој стана еден од најмладите дебитанти во македонскиот фудбал. Се работи за 16-годишниот Анди Исмаили, кој за првпат имаше шанса да игра сениорски фудбал. Момчето кое е родено на 10 декември 2008 година и настапува во средниот ред влезе од клупата за резерви и доби овации од трибините во Чаир. Името на Исмаили ќе остане запишано во ...

Младиот и талентиран Анди Исмаили испиша историја викендов на Чаир. Тој е најмладиот дебитант во првиот тим на Шкупи со во моментов 16 години и 82 дена. Тој беше дел од победата над Пелистер од 3:1, а младиот играч секако дека по дуелот се заблагодари за укажаната доверба. „Многу сум среќен. Многу сум благодарен на клубот што ми даде можност да дебитирам со првиот тим на 16 години. Ова е сонот на повеќето фудбалери во нашата академија. Сите тие ...