Откако еден човек беше нападнат и убиен во Ново Место, словенечката опозиција изрази негодување, припишувајќи го инцидентот на неактивноста на владата во борбата против насилството. Тие бараат оставка од одговорните, првенствено од министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар. Смртоносниот напад беше најостро осуден и од претседателката Наташа Пирц Мусар, а премиерот Роберт Голоб свика итен состанок за денес во 10 часот наутро, пишува ...
Група Роми наводно тешко претепала маж пред ресторан во центарот на Ново Место во саботата навечер, оставајќи го во критична состојба, по што тој починал во болница. Според медиумските извештаи, групата нападнала татко кој дошол во ресторанот да го земе својот син, пишува словенечко Дело. Препорачано Инцидентот наводно се случил во утринските часови кога еден татко дошол во гореспоменатиот бар, популарен кај младите, за да го земе својот син, ...

