Динамо Загреб со победа утре против Борусија Дортмунд на „Максимир“ и теоретски ќе ја мине групната фаза од Лигата на шампионите и ќе обезбеди пласман во нокаут-фазата. Сепак, тоа ќе биде многу тешко со оглед на проблемите кои ги имаат загрепчани со составот. На долгата листа со повредени фудбалери се најде и нашиот интернационалец Аријан Адеми, кој нема да биде во комбинација за настап против Борусија Дортмунд, па единствен македонски ...

Динамо Загреб ќе биде значително ослабен на утрешниот натпревар од фудбалската Лига на шампионите против Борусија Дортмунд, а можеби и во големото дерби со Хајдук во Сплит во сабота. Откако Петар Сучиќ се повреди и подолго време ќе отсуствува од терените, македонскиот интернационалец Аријан Адеми и Јосип Мишиќ отпаднаа за утрешниот меч со германскиот гигант. Така Бјелица ги има на располагање Мартин Батурина, Марко Рог, Лукас Качавенда и Лука ...