– Му реков на Путин дека можеби ќе треба да продолжат да се борат и многу да страдаат – затоа што двете страни страдаат – пред да бидат разделени, рече Трамп. – Тоа го гледате и во хокеј, и во спортот – судиите понекогаш ги оставаат неколку секунди, пред да ги разделат, додаде тој. Коментарите беа изненадувачко отстапување од честите повици на Трамп за запирање на насилството во Украина. Сепак, Трамп воедно повторно го осуди крвопролевањето. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби би било подобро Украина и Русија да бидат оставени да се „борат извесно време“ пред да се почне со работа на мировен договор меѓу нив. Коментарот доаѓа иако германскиот канцелар Фридрих Мерц го нарече „клучна фигура“ која може да го запре крвопролевањето со притисок врз рускиот претседател Владимир Путин. На вчерашната средба во Овалната соба со канцеларот Мерц, Трамп ја спореди војната ...