Демократијата во Северна Македонија тапка во место, има длабока политичка поларизација и блокада во Собранието која го попречува носењето на закони, а граѓаните имаат се помалку доверба во институциите. Ова се главните заклучоци за земјава во новиот извештај на Фридом хаус. Во сите земји од Западен Балкан граѓаните се разочарани од политичките елити. Во време кога руската инвазија врз Украина претставува најзначајната закана за европскиот мир од ...
Државава на скалата од најниската оценка 1 до највисоката седум, е оценета со 3,86, за разлика од 3,82 која ја добила во ланскиот извештај. Подетално во бодувањето, во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4,75, за независни медиуми 3,50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3,25, додека за корупција била оценета со 3.25. ...