Една недела откако шумските пожари почнаа да ја пустошат областа во Лос Анџелес, противпожарните екипи конечно напредуваат. Пожарот во Итон во близина на Пасадена, кој однесе седумнаесет животи од вкупно 25 потврдени смртни случаи досега, беше локализиран речиси 50 отсто во средата. Пожарот Палисадес, кој зафати голема површина на западниот раб на Лос Анџелес, исто така не се шири во последните денови, според локалните власти. Според првите ...
Свеж здив за пожарникарите од Лос Анџелес. Ветровите повеќе не се толку силни, што ќе им овозможи поефикасно да се борат со шумските пожари. Постигнат е напредок во задржувањето на двата најголеми, кои горат на вкупна површина од повеќе од 16.000 хектари, пишува BBC. Од противпожарната служба велат дека се уште се претпазливи и дека опасноста од ново разгорување не поминала. Властите во Лос Анџелес ги предупредија повеќето евакуирани од шумските ...