Во рамките на последното 16. коло од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, денеска на програмата се два дуела. Работнички го пречекува Силекс на Арената во Скопје, додека пак Шкупи како домаќин во Струга игра со Брера. До полувреме видовме пет погодоци, три во Скопје, а два во Струга. Силекс на Арената Тодор Проески води со 0:3. Катастрофата на Работнички е најавена уште по 45. минути откако Мартин Мирчевски по само десетина минути игра донесе 0:2. ...

Екипите на Силекс и АП Брера остварија посакувани гостински победи на своите последни натпревари во календарската 2025 година, со што ги остварија своите најавени амбиции на дуелите со Работнички и Шкупи. Скопските екипи не можеа да парираат на денешните натпревари, гостите постигнаа по три гола, а единатвената разлика е што Шкупи успеа да постигне барем почесен погодок против струмичани. Силекс го нокаутираше Работнички уште во првото ...