Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од едно маало во Гевгелија. Мишко го знаат сите, и млади и стари, кои со нетрпение очекуваат Мишко да се појави во нивниот двор. “Мишко и Мицка живеат заедно под ист покрив. Секој ден го делат просторот, сонцето и љубовта што ја добиваат од тетка Ленче. Таа се грижи за нив, а таа љубов тие ја чувствуваат. Наместо страв или борба, меѓу нив ...

Штркот Мишко веќе трета година живее во Гевгелија, во дворот на Елена Алексовска. Таа секогаш и секому е подготвена да ја раскаже приказната за тоа како штркот Мишко една зима останал во Гевгелија, додека другите птици преселници се упатиле кон потоплите краишта, и останал жив благодарение на грижата и љубовта што таа му ги подарила. Елена не крие дека е воодушевена од карактерот на нејзиното необично милениче. Дури и се обидела да му даде шанса ...