Ненад Трајковиќ има причини за задоволство откако Пелистер одигра одличен натпревар во минатото коло против Шкупи. Битолчани со прикажаната игра најавија дека резултатската криза е оставена зад нив, а тренерот е задоволен од начинот на кој неговиот тим напредува од ден на ден. „Во изминатиот период доведовме двајца нови кошаркари, две странски засилувања и сметам дека тимот на Пелистер сега има поголема сила. Се крена и нивото на „хемија во ...
Работнички стигна до џиновска победа во битката за што подобар пласман во пресрет на плејофот откако избраниците на Горан Самарџиев вечерва како гости го совладаа вицешампионот Пелистер со 83-90. „Центарци“ влегоа во дербито во Битола со ист скор како и „пелистерци“, па со вечерашниот триумф осигураа подобар пласман на табелата ако двата тима ја завршат сезоната со ист број на победи и порази. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека ...