Екипата на Црвена Звезда се избори за одличен резултат против романскиот ФЦСБ и славеше со минимални 1-0 (0-0), и покрај тоа што беше со играч помалку во најголем дел од натпреварот. Белградскиот тим беше во големи проблеми откако директен црвен картон доби Нигериецот Тебо Учена, но со храбра игра во продолжението успеа да донесе радост за своите навивачи. Романскиот гигант не успеваше лесно да создава шанси пред голот на домаќините, а српскиот ...
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“. Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето. Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку. Имено, ...

