Израел го менува „лицето на светот“ со својата војна против Иран, но „секоја помош е добредојдена“ за да се победи нуклеарната програма на Иран, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. -Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот, изјави Нетанјаху за израелската јавна телевизија КАН 11. Иако тврди дека Израел има способност да ги нападне сите нуклеарни објекти на Иран, ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева на враќање кон дипломатијата по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во текот на ноќта. -Не сме во војна со Иран, туку сме во војна со нуклеарната програма на Иран – изјави тој за американската телевизија „Ен-би-си“ денеска, неколку часа по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во Фордо, Исфахан и Натанц. – Не сакаме војна со Иран. Всушност сакаме мир – рече тој, во ...

Еврејската држава останува единствената нација на светот за која САД се подготвени да војуваат. Ако се повлечат од овој конфликт, тогаш ќе отидат против својот идентитет и природа, и ќе го загубат секој преостанат атом на меѓународен кредибилитет. На радоста на Кина, Русија и многу други. Многумина аналитичари се прашуваат зошто Израел се одлучи на речиси тотална војна, после 20 години (а можеби и од Јом Кипур во 1973-та) одржување на воена ...