Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје во тек е концертот на еден од најистакнатите и највлијателните рок бендови од поранешна Југославија „Бијело дугме“, кој прославува 50 години од своето постоење со голема турнеја, насловена „Да се доживее стотата“ (Doživjeti stotu), Во рамки на турнејата се опфатени 50 концерти во 50 градови. Славеничката турнеја стартуваше во мај 2024 во Домот на млади во Сараево, каде што „Дугме“ го имал еден од првите ...

По бројните градови синоќа дојде ред и на Скопје… „Бијело дугме“ одбележува 50 години постоење а атмосферата што ја гледавме на бројните досегашни концерти се префрли и во Скопје. Не бадијала се вели „Дугме си е дугме“ што се повтори и синоќа… Салата „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место и да имаше уште простор и тој ќе беше исполнет. Одамна немаме видено, на некој концерт во Скопје толку многу луѓе кои чекаат да влезат на ...

Скопје сношти (31 мај) беше дел од 50-те градови во кои „Бијело Дугме“ прослави 50 години постоење, со турнеја која ја почна лани во Сараево. Со југословенски знамиња меѓу фановите беа пречекани и испратени по еуфоричниот концерт. Култниот сараевски бенд во преполната сала „Борис Трајковски“ свиреше со петорица од оригиналниот состав: фронтменот Горан Бреговиќ, двајцата пејачи Младен Војичиќ- Тифа и Ален Исламовиќ, тапанарот Драган Ѓиѓи- ...