Вардар 1961 и Алкалоид дојдоа до посакуваните резултати на мечевите против Бутел, односно Еурофарм Пелистер 2 во 9. коло во Суперлигата. Лидерот на табелата имаше проблеми со Бутел, меѓутоа пронајде решение и пред се со подобра игра во вториот дел славеше со 36:30. Боно со 7 и Талески со 6 гола беа први стрелци, голманот Валах имаше 10 одбрани. Алкалоид пак во својот дом ги разби младите пелистерци со 37:25. Се беше решено уште во првиот дел ...
Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со одличните настапи во Суперлигата, откако во деветтото коло убедливо го совладаа Пелистер 2 со 37-25, додека Пролет славеше на тешкото гостување кај Струга со 39-29. Препорачано Младата екипа на Пелистер 2 имаше добар почеток и парираше во првите минути, но Алкалоид брзо го презеде темпото и со серија на голови создаде двоцифрена предност уште до полувремето по кое водеше со 20-11. Во вториот дел тимот од ...

