Двократниот европски шампион Вардар загуби во мечот за третото место од хрватскиот Нексе со 28-26 на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид. Иако гостите од Хрватска одиграа подобро во првото полувреме и во неколку наврати имаа и плус три, како одминуваше времето вардарци успеаја да се вратат и на пауза да заминат само со минимална негатива од 16-15. Второто полувреме беше како пресликано на првиот дел. Нексе во текот на целиот меч ...

Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ му покажа на Иван Чупиќ дека има уште многу работа пред себе пред стартот на сезоната, бидејќи по поразот од Еурофарм Пелистер, Вардар денеска загуби и од Нексе во „малото финале“ во Охрид. Македонскиот вицешампион играше натпревар против Нексе за бронзениот медал во „Билјанини извори“, но едноставно ниту еднаш не успеа да наметне ритам и да го диктира темпото во сите 60 минути. Тимот од Хрватска водеше со ...