Со уметничка акција поставена на улица „Македонија“ во Скопје, Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на личите податоци – 28 јануари. – Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи, ефектите од злоупотребени, односно ...

Минувачите на улицата „Македонија“ во главниот град денес налетаа на уметничка герила акција. Таа се состоеше од испружени алишта, на кои имаше пораки поврзани со заштитата на лични податоци – на крпа пишуваше „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци“, на маица имаше нечија лична карта, а можеби најпроминентен дел од акцијата беше огромен пар гаќи на кој пишува „Покриен газ никој не го плука“. Акцијата е поставена од Центарот за современи ...