Како што и беше најавено, фан – зоната за навивачите на Ц. Звезда е подготвена да ги прими посетителите пред вечерашниот хуманитарен меч меѓу Вардар и гостите од Белград. Зоната е поставена кај Академија парк во непосредна близина на Арената “Тодор Проески“. Тука се продаваат дресови на Ц. Звезда, тука е и пехарот од ЛШ кој “црвено – белите“ го освоија 1991 во Бари, а тука е и „Златната копачка“ на Дарко Панчев за најдобар голгетер во Европа. ...
Се е подготвено за спектаклот што вечерва ќе се одржи во Скопје – хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда од кој сите приходи ќе заминат за помош на семејствата на жртвите од големата трагедија во Кочани. Српскиот шампион во манир на голем клуб организираше и сопствена фан-зона пред самиот стадион, каде се очекува да се соберат приврзаниците на „црвено-белите“. Во фан-зоната може да се купат сувенири, но и да се види „Златната копачка“ што ...