Тиквеш одигра нерешено 1:1 на гостувањето во Кратово против Силекс, бод кој е многу значаен за тимот од Кавадарци во борбата за опстанок. Тиквеш поведе со 1:0, а стрелец на голот беше Александар Мишов во 31 минута од мечот. Мишов одлично се снајде и прецизно шутираше од далечина, совладувајќи го голманот на Силекс. Веднаш по постигнувањето на погодокот, Мишов високо ги крена рацете и погледна кон небото. Јасно беше дека тој гол е посветен за ...
Фудбалерот на Тиквеш, Александар Мишов, со емотивна порака го посвети постигнатиот гол на натпреварот против Силекс на трагично загинатиот Андреј Лазаров, кој им подлегна на повредите после тешката трагедија во Кочани. Мишов постигна фантастичен гол со кој донесе бод за својот тим, а во објавата на социјалните мрежи го напиша следново: „Ти ветив дека ќе дадам гол за тебе, овој и секој нареден ќе бидат за тебе. Само јас знам како го одиграв овој ...