Попладнево сите наши клубови кои ова лето ќе играат во Европа, ги одиграа првите пријателски мечеви. Во Словенија, како што веќе објавивме, екипата на Вардар со 3:0 го победи Будуќност. Во Кратово меѓусебе одиграа Силекс и Работнички, а овој натпревар заврши без голови. Треба да се каже дека ова беше деби на клупата на тимот од Градски парк, на Бојан Маркоски. Во Словенија, шампионот Шкендија со 1:0 успеа да слави протвив романскиот второлигаш ...

Силекс и Работнички вчера одиграа пријателски натпревар во Кратово во рамки на летните подготовки за Европа и Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот заврши без победник, но и без погодоци. Овие две екипи ќе се соочат уште еднаш во меѓусебен пријателски натпревар, кој ќе се одигра во Скопје, а со цел темпирање на формата за новата сезона. Вардар забележа убедлива победа од 3:0 над шампионот на Црна Гора, Будуќност на првата пријателска во ...