Вардар 1961 се врати на првото место во групата од Европската лига на ЕХФ, откако дома го победи Кристијанштад со 35-30. „Црвено-црните“ му сервираа одмазда на шведскиот ривал за минималниот пораз на гости и се во добра позиција во борбата за плеј-оф. По натпреварот своето задоволство не го криеше тренерот Иван Чупиќ, кој им честита на играчите за изданието, а истовремено им се заблагодари и на навивачите за одличната атмосфера која ја направиле ...

Вардар го совлада тимот на Кристијанштад со 35-30, и целосно му се реваншираше за поразот во Шведска. Со тоа „црвено-црните“ се вратија на првото место во групата. Тренерот на македонскиот вицепрвак Иван Чупиќ, истакна задоволство од победата и резултатот, истакнувајќи дека Вардар ќе мора да се подобрува. „Честитки на мојот тим, честитки на навивачите кои не бодреа, и сите сакаме да играме во ваква атмосфера. Очекувавме тежок натпревар, и секој ...