По долгогодишен застој и недомаќинско работење на минатата влада и поранешните министри за животна средина и просторно планирање, Владата на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. На денешната ...

На денешната прес-конфереција во Владата, Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на колекторски систем и секундарна канализациска мрежа и поврзување на постојната пречистителна станица. „Овој чекор го презедовме бидејќи граѓаните на Кичево го заслужуваат овој проект, а бидејќи уште на почетокот беа забележани проблеми со организацијата и капацитетот на изведувачот бевме приморани да го раскинеме договорот со изведувачите кои и покрај бројните ...