По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин. Термин за одигрување на мечевите е 6 и 7 февруари или 7 и 8 февруари 2026 година. Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13. носител од исто толку тимови. Ова воедно ...

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во спортската сала „Автокоманда“, кадетската репрезентација на Македонија ќе го одигра својот прв натпревар против селектирани играчи од домашните клубови РК Алкалоид и РК Мулти Есенс. Овој дуел претставува почеток на новата програма за унапредување и развој на младинскиот ракомет во земјава. Проектот има за цел да обезбеди континуирана натпреварувачка активност за најталентираните кадети, со што се создава ...