Денеска (25.02.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во ...
Четворица малолетници излетале со автомобилот од патот во близина на Американската амбасада во текот на ноќта, при што сите четири лица, вклучувајќи го и возачот се повредени. Двајца од малолетните сопатници добиле потрешки повреди, додека другите двајца, меѓу кои и возачот поминале со полесни повреди. Несреќата се случила ноќеска по три часот по полноќ. Имено, како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во 3.30 минути во СВР ...