Ливерпул го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвените“ паднаа во Истанбул против Галатасарај. Тотенхем со авто-гол се спаси од пораз кај Бодо/Глимт. Останатите фаворити беа и повеќе од сигурни во првите мечеви од втората рунда. Ливерпул е во мини криза ова е нивен втор пораз по ред во сите натпреварувања. Во пеколната атмосфера во Истанбул, Ливерпул преживеа вистински ролеркостер. За 23 секунди, натпреварот практично беше решен. ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 1:0 од Галатасарај во 2. коло од Лигата на шампионите. – Ризикувавме со топката и се обидовме да најдеме слободен играч во средниот ред. Тоа е ризично. Многу пати се пробивавме до последната линија и можеби треба да играме подобро таму. Во тие моменти, донесовме погрешни одлуки, тие се вратија да нè прогонуваат и станаа опасни. Уверен сум дека ќе се вратиме на вистинскиот пат, ...

