Куманово, 15 април 2025 (МИА) - Дваесет и шестгодишниот кумановец којшто беше пријавен за исчезнат, сè уште не е пронајден, информираше денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. - На 13 април, годинава во 14:00 часот во полицијата, педесет и петгодишниот Н.М.(55) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.М.(26), кој имал здравствени проблеми, соопшти полицијата. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето. ам/са/ ...
На 17.04.2025 во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ...