Денеска во попладневните часови на скопскиот аеродром се очекува да слета хеликоптер „Блек хок“ од Чешка, опремен со обемен резервоар од три тона и екипаж од седум лица. Хеликоптерот ќе земе учество во справувањето со огнената стихија на планината Готен, на потегот кон Берово. Исто така, утре наутро се предвидува пристигнување на словенечки тим, кој брои 61 пожарникар и 18 специјализирани возила за интервенција при шумски пожари. Овој тим ќе се ...

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400 литри вода се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна. Дописничката на МИА додека беше во опожарениот дел на планината Готен со заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов го забележа чешкиот хеликоптер, кој од денеска помага во справување со огнената стихија, која веќе е две недели и ја ...