Познатиот ирански филмски режисер Џафар Панахи, кој годинава на Канскиот фестивал ја освои Златната палма, е осуден во отсуство на една година затвор, јави новинската агенција ИСНА. Револуционерниот суд во Техеран, исто така, му изрече двегодишна забрана за патување, цитира ИСНА изјава на неговиот адвокат. Панахи (65) ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал во мај за филмот „Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident), филм ...

Иран го осуди наградуваниот режисер Џафар Панахи на едногодишна затворска казна поради „создавање пропаганда против политичкиот систем“, кажа неговиот адвокат. Панахи е осуден во отсуство бидејќи моментално е во САД, каде што неговиот последен филм „Тоа беше само несреќа“ победи во некои од главните категории на доделувањето на наградите Готам во Њујорк. „Тоа беше само несреќа“ бил незаконски снимен во Иран и потоа победи на Канскиот фестивал. ...