Репрезентацијата на Србија долго направи голем кикс и ремизираше со селекцијата на Фарски Острови (31-31) во натпреварот од групата 2 на главната рунда од Светското ракометно првенство. Се играше тврдо и неизвесно, нашиот северен сосед водеше со два гола по првите триесет минути, а потоа Фаранките пружија одличен втор дел, каде беа во игра за бод до самиот крај на мечот. Србија имаше водство на крајот, но ривалот со погодок во последните секунди ...
Женската ракометна репрезентација на Србија одигра само 31-31 против селекцијата на Фарските Острови во Дортмунд, во вториот натпревар од втората фаза на Светското првенство – по вистинска драма во финишот. Србија имаше сè во свои раце нешто повеќе од 10 секунди пред крајот. Јована Јововиќ имаше целосно отворен пат кон голот, но наместо да ја заврши акцијата и да ја запечати победата, реши да „го троши времето“. Судиската двојка веднаш реагираше ...

