Утрово хеликоптери на македонското МВР и на Република Србија продолжија да дејствуваат од воздух на пожарот помеѓу охридските села Косел и Опеница кој беснее петти ден. Во текот на вчерашниот ден само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пожарот, а во гаснењето покрај уште еден хеликоптер дејствуваа и специјалните авиони “ер трактор”. На терен неуморно со огнот се борат десеттици припадници на Противпожарната единица Охрид, Национални ...
Битката со огнената стихија во Македонски Брод е неуморна. Пожарот кај селата Брезница и Тажево, кој беснее 20-тина дена и уништува борова шума на големи површина е окарактеризиран како најтешка огнена стихија во земјава. Преку ноќта пожарникарите будно чуваа огнените јазици да не го зафатат селото Брезница. Веќе се на терен припадниците на АРМ, странските доброволци и хеликоптерската поддршка. Засега стихијата е далеку од викенд населбата. ...