Има кртови во Министерството за внатрешни работи кои на поранешни високо позиционирани функционери им оддаваат тајни на криминалците за акциите на полицијата, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на пратенички прашања. Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ постави пратеничко прашање што е преземено за враќање на избеганиот Артан Груби во државата, кој е осомничен за проневера на 8 милиони евра од Државна ...

Полицискиот службеник од гранична полиција направи кардинална грешка, наместо да констатира дека Груби е на стоп-листата, истиот, вознемирен или возбуден од политичката големина на лицето што ја напушта Македонија или од луксузот на возилото, без да ја спроведе стандардната процедура го пушта да излезе непречено, рече министерот Панче Тошковски. Има кртови во Министерството за внатрешни работи кои на поранешни високо позиционирани функционери им ...