Убавата и најчесто сончева Флорида знае да биде незгодна од метеоролошка гледна точка, тоа се потврди и денеска, додека играчите на Бенфика и Окленд сити беа во соблекувална на 15-минутна пауза помеѓу двете полувремиња, започна големо невреме во Орландо, па средбата од Светското клупско првенство е во прекин. Апсолутниот фаворит води само со 1-0 по првото полувреме, во кое временските услови дозволуваа да се игра, а имаше и редовна пауза за ...
Екипите на Бенфика и Окленд сити во 18 часот по македонско време го започнаа својот дуел во Орландо од второто коло на Светското клупско првенство, но грмотевиците и силниот дожд придонесоа средбата да биде прекината на полувреме. Паузата беше многу долга, а овој меч заврши после дерби дуелот на Фламенго и Челзи кои почнаа во 20 часот, но немаат проблеми со временските услови. Бенфика победи со 6-0, резултат со кој аматерите од Нов Зеланд може ...