Најавите за воведување нови, дополнителни царини од 100 отсто врз увозот на кинески производи претставуваат сериозен економски и политички сигнал со големи последици и за Кина и за глобалната економија. Таквата мерка би значела драстично поскапување на кинеската стока на странските пазари, особено во САД и Европа, каде Кина има најголем дел од својот извоз. Зголемувањето на увозните давачки ја намалува конкурентноста на кинеските производи и ...

Кина сигнализираше дека нема да отстапи пред заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 100 отсто, повикувајќи ги САД да ги решат несогласувањата преку преговори, а не со закани. „Ставот на Кина е конзистентен. Не сакаме царинска војна, но не се плашиме од неа“, соопшти кинеското Министерство за трговија. Ова е прв официјален коментар од Пекинг по заканата на Трамп дека до 1 ноември ќе ги зголеми царините за увоз ...

Европската унија донесе одлука за зголемување на царините на челик и значително намалување на увозните квоти – потег што предизвика бурни реакции низ индустрискиот сектор, особено во Велика Британија. Новите правила, објавени од Европската комисија, предвидуваат намалување на квотите за увоз на челик без царина за 47 проценти во споредба со 2024 година, додека царините на секој дополнителен увоз над квотата се зголемуваат од 25 на 50 проценти. ...