„Вчера беше првиот ден по првите препораките што ги добија училиштата само во Скопје затоа што повеќе од 90 отсто од проблемите се тука. По тие препораки вчера прв пат ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петокот и кои пристапија со лозинките во системот тие немаа ...

Учениците денеска уште во автобус дознаа дека има дојави за бомби во 18 училишта во главниот град. И денеска без настава или пак онлине настава која се одвива со падни стани платформа за учење. Министерот Јетон Шеќири, сепак уверува дека проблемите со платформата Тимс се надминати и дека и дури и училиштата кои за првпат се соочиле со дојава за бомба, непречено одржуваат настава на далечина. Тој очекува Владата да се ангажира за ова прашање и да ...