Интер и Челси издвојуваа победи на најинтересните пријателски натпревари кои оваа вечер се одиграа низ Европа. Италијанскиот вицепрвак како гостин го доби Монако со 2-1 и тоа во дуел во кој најголемиот дел го одигра со десетмина на теренот по исклучувањето на Чалханоглу во првото полувреме. Аклиуш со супер гол му донесе водство на францускиот клуб на стартот на натпреварот (2 минута), водство кое беше активно до 60 минута кога Мартинез изедначи ...
Премиерлигашот Челси останува активен на трансфер пазарот каде се поврзува со трансфери на Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед и Чави Симонс од РБ Лајпциг, меѓутоа по се изгледа овие двајца ќе мора да почекаат затоа што „сините“ имаат нов приоритет по последниот проблем. Актуелниот светски клупски шампион остана без Ливај Колвил кој заработи потешка повреда коленото и го очекува долга пауза од терените, па менаџерот Енцо Мареска порача дека ...