Според податоците, во периодот од 01.01. до 31.12.2024 година Банката од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 5.482,1 милиони денари наспроти 3.912,6 милиони денари во 2023 година, што претставува зголемување за 40,1 %. Планираната добивка за 2024 година е остварена со 129,5 %. Данокот на добивка во 2024 година изнесува 557,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 4.924,8 милиони денари, или 37,5 % повеќе ...

Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30.01.2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати ...