БИТОЛА – Нов културен центар ќе добие Битола следната година со реконструкција на објектот на поранешното кино „Партизан“ во централното градско јадро. Објектот изграден во времето на СФРЈ долги години работеше како едно од поголемите кина во Битола со над 600 седишта со партер и балкон. Во 1990-те години со затворањето на кино салите во градот зградата беше оставена на забот на времето, па дури едно време беше магацин за колонијални стоки како ...

„Има Варшава, сега ќе има и Битола – кино под ѕвездите за зимските празници“, го најави Општина Битола новогодишниот новитет што ќе го постави на вака Плоштадот Магнолија за манифестацијата „Зимска приказна“. Општината веќе неколку години со ред ја организира „Зимска приказна“. Лани на тоа место имаше лизгалиште, за кое тогаш од Општината рекоа дека било по примерот на Виена, а сега паралелите се прават со Варшaва, каде годинава за првпат има ...