Судењето за киднапираните, па убиени Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска продолжи со распит на сведоци преку кои обвинителството ја уриваше приказната на првообвинетиот Љупчо Палевски, дека по овие убиствата тој не бегал, туку отишол во странство да се лекува. Сведочеше Стефан Димковски, основач на партијата Десна на Љупчо Палевски и човек кој од Србија ноќно време, преку Бугарија, со кола го одвезе до Турција. Во секојдневието со Палевски ...
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година ...