Денеска стартува и новата сезона во Купот на Македонија. На програмата се шест средби, а со оглед на тоа дека од оваа сезоба прволигашките натпревари се играа во неколку дена, така и ова 1/16 финале ќе се игра “развлечено“. Познато е дека Вардар го брани трофејот, но овој клуб заедно со вториот финалист Струга ТЛ, е слободен во ова коло. Па така денеска од 16 часот се играат средбите Башкими од Горно Јаболчиште – Детонит, меч кој се игра во ...

Денеска се одигра дел од прелиминарната фаза од Купот на Македонија, таканаречената 1/16 финална фаза во која фаворитите горе долу ја завршија задачата. Во прв ред тука се мисли на екипата на Работнички која што во Карбинци кај истоимената екипа триумфираше со 0:16. Од друга страна пак, екипата на Македонија ЃП во дуелот со Љуботен на гостински терен постигна 14 гола, додека пак Брегалница Штип кај екипата на Победа од Валандово обезбеди победа ...