Во работничка населба во Севилја, животот на едно семејство се менува кога мајката решава да прифати непознат студент од Бруклин преку програма за културна размена. Но за да добие повеќе пари, таа лажно прикажува дека нејзиното семејство припаѓа на висока општествена класа. Така, кога младиот Американец пристигнува, настануваат комични ситуации бидејќи сите се обидуваат да глумат нешто што не се. Филмот се занимава со теми како идентитет, ...

Градоначалникот на Лион, Пол Терано, е во деликатна положба. По 30 години во политиката му снемуваат идеи, чувствувајќи се како егзистенцијална празнина. За да го надмине ова, Пол најмува млада и брилијантна филозофка, Алис Хајман. Потоа следи дијалог меѓу две дијаметрално спротивни личности кои ќе ја разнишаат својата сигурност. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...

Засекогаш млад. Засекогаш проколнат… Заведен во декадентниот свет на лордот Хенри Вотон, привлечниот млад аристократ Доријан Греј станува опседнат со одржување на својот младешки изглед и нарачува посебен портрет кој ќе ги преброди ветровите на времето додека тој останува засекогаш млад. Кога опсесијата на Греј излегува од контрола, неговите очајни обиди да ја заштити неговата тајна го претвораат неговиот некогаш привилегиран живот во жив пекол. ...

11-годишниот Тони има единствена способност – блеска уште од раѓање. Неговите родители се обидуваат да го задржат дома за да го заштитат од надворешниот свет, но еден ден тој ја запознава Шели, мистериозна девојка која се вселува во еден од соседните апартмани пред божиќните празници. Тони го наоѓа својот прв вистински пријател во неа и некој кому може да му го открие светот на фантазијата во неговиот бункер за перници. Шели, пак, му покажува на ...