Македонскиот крст во центарот на населбата Драчево, лоциран во Паркот на бранителите, е висок 63,5 метри и е дванаесетти по височина во светот, а втор во Македонија. Широк е четири метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 15 метри. Постаментот е висок 12,5 метри и е на три нивоа, а темелната плоча е со дебелина од еден метар. Во него е вградена челична конструкција од 80 тони, премачкана со алкална жолта боја. На крстот е изведена ...

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - На верскиот празник Цветници, денеска, во 12 часот, ќе биде осветен крстот во Драчево, поставен од Општина Кисела Вода во соработка со Светскиот Македонски Конгрес. Осветувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Пред чинот на осветувањето, ќе настапат пејачите Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски”. ир/ев/ Фото: Општина ...