Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот ...
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа. Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе ...

