1 Скршениците на рацете и нозете ќе заздрават и за среќа, ниту едно дете од единаесетте што завршиле в болница не е сериозно повредено при изведбата на „Супермен предизвик“ на ТиткТок. Навистина, не знам што да кажам и што да мислам за оваа најнова будалштина, кога неколкумина создаваат мрежа од испружени раце за врз неа да летне Суперменот, па тие го отфрлаат нагоре и потоа да слета на нозе. И ние сме дел од светот. И во други земји младите, па ...

Слушам како премиерот Мицкоски речиси секојдневно ги навредува обвинителите. Жените дека имале менструален циклус, а мажите дека имале диареја и затоа не ги процесуирале случаите. А тие му молчат. Каде им е Здружението на јавни обвинители? Каде им е Советот на јавни обвинители? Каде се да му спукаат: Кој си ти така да нѐ навредуваш? Па, обвинител си. Како си дозволуваш така да ти врши притисок? Поднеси му пријава на премиерот. По дефиниција, ти ...