Раководството на Милан веќе ангажираше неколку сериозни засилувања за првиот тим, а следна позиција на која Макс Алегри ќе добие засилување е позицијата десен бек. Во Милано се очекува Захари Атекам, актуелен фудбалер на Јанг Бојс, за кого италијанскиот тим ќе плати 10 милиони евра. Атекам ќе биде втор швајцарски фудбалер (по Ардон Јашари) кој пристигнува во Милан ова лето, а спортскиот директор Игли Таре во него гледа играч со голем потенцијал. ...

Поранешниот италијански шампион Милан обезбеди уште едно засилување во овој летен преоден рок, засилување во дефанзивната линија. Клубот од Милано е посилен за 23-годишниот Кони Де Винтер кој доаѓа од редовите на Џенова. „Росонерите“ за оваа зделка издвоија околу 20 милиони евра од кои 20-25 проценти ќе завршат на сметката на Јувентус. Тој потпиша договор до 2030 година и ќе го носи дресот со бројот 5. Де Винтер освен за Јуве и Џенова има ...