Како момче живеел со разуздан и порочен живот. Еднаш влезе случајно в црква и ги чу зборовите на Пророкот Исаија: „Измијте се (од гревот) и ќе бидете чисти…“ (Исаија 1, 16). Овие зборови продреа длабоко во неговото срце и направија целосен пресврт во неговиот живот. Никита ги остави куќата, жената и имотот и отиде во еден манастир во близината на Перејаславје, каде што до смртта се подвизуваше со тешки подвизи. Се обложи себеси со синџири и се ...

Во времето на злочестивиот цар Максимилијан живееше во Александрија девицата Теодора, благородна по род и воспитание. Како христијанка ја изведоа на суд пред незнабожците. По долги истизавања за верата во Христа, кнезот мачител нареди да ја фрлат во блудилиште и да им биде дозволено на војниците да влегуваат кај неа заради задоволување на телесната похот. Света Теодора усрдно Му се молеше на Бога да ја спаси од скверноста. И додека се молеше ...

Овој прекрасен светител се роди во Антиохија, во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот. Татко му загина во земјотрес, а тој остана сам со мајка му, Марта. Во шестата година од животот се оддалечи во пустина кај некој духовник Јован и под негово раководство се предаде на подвиг на пост и молитва, за голем восхит на сите што го видоа. Откако претрпе страшни демонски искушенија, од Господа и од Неговите Ангели прими голема утеха и ...