Охрид, 19. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети Вукол, епископ Смирненски. Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник ...
Охрид, 21. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети великомаченик Теодор Стратилат. Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство, како и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ...
Охрид, 20. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7-ми февруари, денот кој православните христијани го одбележуваат во чест на Преподобен Партениј Лампсакиски. Се родил во Мелитопол. Во детството не добил никакво образование. Кога потпораснал, станал рибар и на тој начин се издржувал. Уште од младоста го засакал Бога со сето свое срце, така што Господ му дал дар со молитва да исцелува секакви ...