Медиумските работници, а особено оние од естраско новинарскиот еснаф утринава ги дочека лоша и жална вест – почина Зоки Фаци, информација која ја сподели неговиот соработник и пријател со кого последно работеше, Стефан Лазаров. Во својата долгогодишна медиумска работа Зоран Василевски работеше со многумина, имаше доста колеги новинари и водители, смени редакции, беше дел од пар телевизии, весници, магазини, портали… Ама секаде Зоки си остана ...

Познатите личности од македонската естрада се простуваат од новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, кој почина рано утрово. Тој ја изгуби битката по долга борба со ракот, а веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател и водител Стефан Лазаров. „По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските“, напиша Лазаров. Зоки Фаци важеше за ...