Раководството на Јувентус и натаму се обидува да обезбеди уште некое засилување за тренерот Игор Тудор, а додека траат преговорите за Рандал Коло Муани, италијанскиот тим почнал да размислува и за играч на Милан. Досега „бјанконерите“ не беа поврзувани со Исмаел Бенасер, но директорите добиле препорака од Тудор и воспоставиле комуникација со агентите на Алжирецот. Бенасер треба да му биде поддршка на Мануел Локатели во дефанзивниот дел на ...

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, се обидува да му доведе уште неколку засилувања на тренерот Макс Алегри, а последните часови од преодниот рок носат интензивни преговори за фудбалери на различни позиции. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ тргнале по Џо Гомез од Ливерпул, искусен дефанзивец кој не е во прв план кај Арне Слот и може да добие зелено светло за трансфер во Италија. Првата опција на Милан беше Мануел Аканџи од ...